МЗТ Скопје Аеродром против Златибор во натпревар за трофејот во АБА 2

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочат со Златибор во финалниот натпревар на завршниот турнир во регионалната АБА 2 лига.

„Сино-белите“ од Аеродром кои во петокот го обезбедија враќањето во јадранската елита, најавуваат борба за трофејот, без оглед на исполнувањето на целта, враќање во АБА 1.

Извршниот директор на клубот, Филип Ѓоревски, се надева дека сезоната во регионалната лига ќе биде заокружена со освојување на трофејот.

– Пресреќни сме што успеавме да го оствариме сонот, а тоа е да го вратиме клубот таму каде што му е местото – во јадранската елита. Но, не планираме да застанеме на тоа. И покрај пласманот во друштвото на најдобрите, за нас финалето против Златибор е исклучително важно бидејќи сакаме да го кренеме победничкиот пехар. Ги повикувам сите што навиваат и имаат симпатии за нашиот клуб, но и останатите спортски вљубеници во државата да дојдат и да ни помогнат да ја оствариме посакуваната цел. Секој освоен трофеј е драгоцен, па затоа сакам сите заедно да имаме двојна причина за радост по финалната пресметка. МЗТ Скопје и македонската кошарка го заслужија тоа. Затоа, сите патишта нека водат кон „Јане Сандански“. Заедно сме најсилни! – изјави Ѓоревски.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Златибор ќе се игра вечер од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“

Back to top button
Close