МЗТ Скопје поразен од Арис на вториот натпревар во Солун

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром забележа пораз и на вториот контролен натпревар во Солун, откако вечерва загуби од Арис со 85-71.

Македонскиот состав замина на полувреме со минимална предност од 44-43, но клучна за конечниот резултат се покажа серијата од 18 – 0 на Арис на почетокот од трета четвртина.

Најефикасен во редовите на МЗТ беше Рикиќ со 20 поени.

МЗТ Скопје вчера забележа пораз од Ираклис.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close