Нѐ убедуваа дека Вања избегаала во Тетово, па во Шведска, па дека е регрутирана за ИСИС – ме правеа ретардиран!, сведочи Ѓорчевски за полицијата од истрагата

Таткото на убиеното девојче Вања Ѓорчевска, обвинетиот за помагање, Александар Ѓорчевски, пред судот раскажа за денот кога неговата ќерка е грабната од пред излезот од зградата во која живееше, а подоцна и убиена.

(…)

Адвокатот Владимир Туфекџиќ: Каков беше односот на полицијата?

Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Со амонизитет. И сомнеж кон мене. Они тапкаа во место уште од самиот почеток, ми покажуваа слики од девојчиња, да потврдиме дали тоа е Вања, нѐ убедуваа дека не си го познаваме детето, дека Вања избегала, со некој дечко накај Тетово, дека се решила да помине пат од 4 илјади километри до Шведска кај другарче од платформата Дискорт, нѐ прашуваа колку станови имаме, не чие име се водат, колку возила поседуваме, а кога ќе споменавме дека Вања не е отидена по своја волја, во правец спротивен од училиштето појавува и агресија кон нас. Имаше еден инспектор, Владимир се викаше. Тој беше задолжен за распит на децата. Се наоѓавме во мојата кола, се враќавме од претходна посета кај мајка ми со Владимир бидејќи сакаа да го погледнат и тој стан, но одговорот дека тоа не Вања на сликата, ми се развика дека не можам да си го познаам сопственото дете, каков татко јас сум бил. Тоа било слика на некое девојче снимено од камера во некоја мобилара, и он беше убеден дека тоа е Вања, и отишла да си го поправа телефонот. Подоцна го приметив дека бара потврда и до Зорица по истата слика. Од комјутерот на Вања дознаа дека со другарче од платформата Дискорт разменувале мислења и ги споредувале Библијата и Куранот. Па нѐ убедуваа дека се регрутила наводно за ИСИС и отпатувала во Шведска. ИСИС-јас и не знам што е тоа. Еден од испекторите, Кире се викаше, зборуваше на дијалект од источна Македонија, на еден од долготрајните состаноци во полициска станица. Му се обратив со повисок тон, цитирам, на неговиот дијалект „Киднапирана е Кире, киднапирана е“. Не е по своја волја скршнала од патот кон училиште“.

Ѓорчевски рече дека на еден од состаноците со полицијата: „испекторот Музафер ми рече ајде малку да се повозиме. Ме правеа ретардиран во целата таа ситуација, а да не зборам дека цело време во погрешна насока ја водеа истрагата. Што правиш, кај ги молиш да ти го најдат детето, да бидеш некултурен… му реков во ред“.

Повеќе

Back to top button
Close