На 115 години почина најстариот човек на светот
Најстариот човек на светот, Хуан Винсенте Перез Мора, почина на 115-годишна возраст во Венецуела.
Мора, роден на 27 мај 1909 година во Ел Кобра, влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2022 година како најстар човек на светот, а претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изрази сочувство до неговото семејство и сите негови сограѓани од градот Ел Кобра, од државата Тачира.
Хуан бил земјоделец, роден како деветто дете во десетчлено семејство.
„На петгодишна возраст, тој почнал да работи со својот татко и браќата во земјоделството и помогал во бербата на шеќерна трска и кафе“, пишува во Гинисовата книга на рекорди откако му било врачено признанието.
Хуан бил во брак 60 години со Едиофина дел Росарио Гарсија, која починала во 1997 година. Тој бил татко на 11 деца, а во 2022 година имал 41 внук и 18 правнуци и 12 правнуци.