На 25 години го променила полот:Запознајте ја новата шведска министерка

Новата шведска министерка за образование, Лина Акселсон Килблом, е првата трансродова личност која стана министерка во оваа нордиска земја, една година откако Белгија го назначи првиот заменик-премиер за трансродови луѓе во Европа.

Килблом (51), поранешна директорка на училиште и адвокатка, е назначена за министерка во новата социјалдемократска влада на премиерката Магдалена Андресон, која денеска и официјално стана првата жена на чело на владата во Шведска.

Во книгата „Дали ќе ме сакаш сега? Килблом раскажала како во телото на момче пораснала во девојка и на 25 години решила да го промени полот.

Трансродовите лица , вели таа, „отсекогаш постоеле, постојат и денеска и ние веќе не се срамиме“.

-Ние сме новата нормала, изјави таа за јавната телевизија СВТ во 2018 година.

Килблом е разведена и мајка на две посвоени деца. Таа ќе биде одговорна за основните и средните училишта, а министерката за образование Ана Екстром ќе биде задолжена за високото образование.

Back to top button
Close