Најавуваа укинување, но наместо тоа ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ го подигнаа балансерот на повисоко ниво со собраниска комисија која ќе ја следи неговата имплементација

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа ДУИ и нејзините пратеници по итна постапка го изгласаа формирањето на комисија за мониторинг на спроведување на балансерот.

Ваквата постапка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нивната соработка со ДУИ продолжува, иако во јавноста се обидуваат да ги претстават како свои дестабилизатори на земјата и партија против која се борат.

Тајните договори, манипулациите и лажирањето на јавни конфликти на овие две партии е искуство кое беше познато до 2016 година, кога заедно владееја, но очигледно продолжуваат и сега, кога глумат власт и опозиција.

Додека наутро ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски заплашуваат дека ДУИ планира дестабилизација на земјата, попладне, заедно со нив гласаат закони како да се коалиција. Закони кои се спротивни со тоа што ВМРО-ДПМНЕ го ветуваше и промовираше во предизборниот период.

Дали повторно стануваме сведоци на фингираните етнички конфликти и препукувања на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои гарантираат уназадување на државата во секој сегмент? Ваквата тактика функционираше до 2016, кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беа во јавна коалиција и се користеше за покривање на криминалот, корупцијата и оправдување за сите погрешни чекори на тогашната влада.

Back to top button
Close