На барање на Бугарија рускиот патријарх Кирил отстранети од 21-иот пакет санкции на ЕУ кон Русија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова изјави дека поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил и основачот на компанијата „Лукоил“, Вагит Акекперов, се отстранети од нацртот на 21 пакет санкции на Европска Унија против Русија, со што и е овозможено на Софија да го поддржи истиот.
– Забелешките на Бугарија се уважени и овие две лица повеќе не се во предложениот пакет, така што од наша страна сме подготвени да го поддржиме, истакна Петрова на маргините на денешниот состанок на Советот на ЕУ за надворешни работи во Брисел.
Таа додаде дека на барање на Бугарија, од предложената листа за санкции отстранет е и директот на една компанија што испорачува делови за метрото во Софија.
Петрова истакна дека на вчерашниот состанок на Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ (КОРЕПЕР) не е усвоен 21 пакет санкции на ЕУ кон Русија поради резервите на уште две држави.
Договорот не беше постигнат затоа што две земји, а не Бугарија, имаат свои забелешки кои не беа земени предвид. Во нашиот случај, нашиот став беше земен предвид, поради што можевме да го поддржиме пакетот. Важната порака е дека одбраната на националните интереси не води кон изолација, потенцира Петрова.
Според неа, Грција има одредени резерви во енергетскиот сектор, додека Австрија изразува загриженост во финансискиот сектор.
Името на поглаварот на Руската православна црква, поддржувач на војната во Украина, редовно се споменува како потенцијално дополнување на листата на санкции. Во јуни 2022 година неговото ставање на црната листа на ЕУ беше блокирано од тогашниот унгарски премиер Виктор Орбан, со образложение дека Унијата не треба да санкционира религиозни лидери.






