Најчевска: Враќањето и апсењето на Груби е дил меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

Најчевска

„Според мене има неколку моменти кои треба да се имаат предвид кога се анализира враќањето/апсењето на Артан Груби во дадениот момент. Несомнено е дека има некој дил меѓу ДУИ и ДПМНЕ каков и за што сигурно набрзо ќе видиме“.

Ова во изјава за Рацин.мк, го вели Мирјана Најчевска, универзитетска професорка и аналитирачка Мирјана Најчевска.

Како следна причина Најчевска предупредува дека ова враќање/апсење на Груби, всушност, треба да го оттргне интересот на јавноста од редицата постапки на власта и очигледни показатали на неспособност и/или вмешаност во кримионални дејствија.

„Во ова ги вбројувам: продолжувањето на легализацијата на нелегално изградени објекти, обидот за купување авион на владата, поминувањето на тони марихуана преку граница, недомаќинското трошење пари за шетање на владината администрација, најавите за рушење на печатницата на Нова Македонија, најавите за нова малверзација со наводна изградба на Скопје на вода, именувањето на несоодветен човек за почесен конзул на Македонија во Србија, мизерниот договор за царинење на нашите стоки со САД, па и иницијативата за противуставно одземање на автономијата на универзитетите“, посочува Најчевска.

Како втора причини, таа ги наведува промените на Кривичниот законик кои се во функција на застарување на делата на секој криминалец кој криминалот го направил од позиција на власт.

„По принципот – секое чудо за три дена, властите ќе пробаат секој ден да продуцираат нова афера која нема да има ниту судска разрешница, а уште помалку разрешница во корист на граѓаните“, изјави за рацин.мк, професорката Мирјана Најчевска.

Back to top button
Close