Најголем пораст на милионери во светот во Виетнам, од европските земjи во Малта и Монако.
Најголем пораст на бројот на милионери во светот во изминатите десет години забележа Виетнам, од европските земји во првите десет влегоа Малта и Монако.
Најголем пад, кога станува збор за бројот на милионери, забележа Нигерија од 48 отсто, а потоа Бразил и Русија со 28, односно 26 отсто.
САД и покрај тоа што се на деветтото место со раст од 62 отсто, сепак се на прво место во светот со речиси 5,5 милиони милионери.
Виетнам, чија економија е во пораст како Кина и Индија, со раст од 98 отсто, денес има 19.400 милионери, според Visual Capitalist, кој прецизира дека извештајот следи поединци кои имаат ликвидно инвестициско богатство од еден милион долари или повеќе.
Индија и Кина добија стотици илјади нови милионери во последните десет години, консолидирајќи ги своите позиции како главни играчи во глобалното богатство. Кина, каде бројот на милионери порасна за 92 отсто, денес има повеќе од 860.000, а Индија со раст од 85 отсто има 326.000 милионери.
Маурициус, кој е на третото место на листата на земји со најголем раст на бројот на милионери, зад Индија и Виетнам, денес има 5.100, со раст од 87 отсто.
Кина се приближува до бројката од еден милион милионери, станувајќи само втората земја што се приближува до таа скала, надмината само од САД.
Во Европа најмногу милионери имаат Швајцарија, Португалија, Италија, Франција, Германија, Грција и Велика Британија, кои бележат пад и денес ги има 602.500. Во Европа, Германија има најголем број милионери – 806.000, што сериозно се доближи до второто место Кина.
Африканските земји како Нигерија и Јужна Африка забележаа пад на бројот на милионери, делумно поради емиграцијата и економската нестабилност