„На Голи Оток се одело ако си за Сталин, не ако си Бугарин“ – Пендаровски му одговори на Милков


Претседателот Стево Пендаровски ги коментираше изјавите на бугарскиот технички министер за надворешни работи, Николај Милков и наводите дека во поранешна Југославија имало организирана, државна репресија кон луѓето кои се чувствувале како Бугари.
„Тој не ја познава историјата, бидејќи на Голи оток не се одело зашто некој бил Македонец или Бугарин, туку дали си за Тито или за Сталин“, рече Пендаровски вечерва во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

Милков претходно обвини дека стотици Бугари, односно луѓе со наводна бугарска самосвест, завршиле на Голи Оток, споредено со 12-те момчиња убиени во македонското село Ваташа од страна на бугарскиот фашистички окупатор во 1943 година.

На обвинувањата на Милков дека македонскиот претседател ги прикривал политиките на државата за дискриминација на македонските Бугари, Пендаровски кусо одговори: „Дајте докази!“

Back to top button
Close