На граничните премини „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минтути до еден час


На граничните премини „Блаце“ и „Табановце“ за влез и излез од државата се забележува чекање од околу 30 минути до еден час, информираат од АМСМ.

На другите премини нема подолги задржувања.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози во источниот дел, додека во западниот дел коловозите се претежно влажни.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Back to top button
Close