На Кипар откриени и запенети 500 килограми синтетичка дрога
Службата за борба против дрога на кипарската полиција во соработка со царинските служби запленила 500 килограми синтетичка дрога, што воедно е и најголемото количество наркотици откриено досега во Република Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од полицијата на Кипар, во рамките на акциите за откривање дрога пристигната преку аеродромите, при претрес извршен во магацин на фирма во Ларнака, биле пронајдени 50 хартиени буриња, во кои имало кристална материја, со тежина од 500 килограми.
Од извршените прелиминарни тестови, било утврдено дека се работи за синтетичка дрога.
Портпаролот на Службата за борба против дрога на кипарската полиција Стелиос Сергидис за „Cyprus Times“ потврдил дека ова е најголемото количество наркотици запленето досега на Кипар.