Најмалку 13 лица се загинати во напад на украински беспилотни летала врз руската република Татарстан

Во објава на Икс се споделува видео за кое се вели дека е од руската рафинерија за нафта ТАНЕКО во Нижнекамск, која утрово е нападната со беспилотни летала, а која има проектиран капацитет за преработка од околу 15 милиони тони годишно, што ја прави една од најголемите во Русија

Најмалку 13 лица, меѓу кои и едно дете, се загинати, а 39 се повредени во украински напад со беспилотно летало во градот Нижнекамск во руската република Татарстан, објави градоначалникот Радмир Бељајев.

Нижнекамск се наоѓа повеќе од 1 000 километри источно од Москва и е место на голема, технолошки напредна рафинерија за нафта.

Видеата што кружат на социјалните медиуми, а за кои Си-ен-ен пишува дека ги имаат геолоцирано, покажуваат огромен пожар што беснее и облаци од чад што се издигаат од област веднаш надвор од градот, близу до она што се чини дека се карактеристични кули на рафинерија за нафта. Според пишувањето на медиумот, не е јасно што точно било погодено во нападот.

Во објава на Икс се споделува видео за кое се вели дека е од руската рафинерија за нафта ТАНЕКО во Нижнекамск, а која утрово е нападната со беспилотни летала.

Во описот се вели дека рафинеријата има проектиран капацитет за преработка од околу 15 милиони тони годишно, што ја прави една од најголемите во Русија.

Во друга објава се вели дека беспилотни летала го погодиле трговскиот центар „Галактика“ што се наоѓа во Макиивка во регионот на Донецк, предизвикувајќи голем пожар.

Претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов, нареди итен одговор на нападот, а прогласен е и Ден на жалост.

Руското Министерство за одбрана тврди дека соборило стотици украински беспилотни летала во текот на ноќта низ повеќе региони.

Нападот доаѓа во време кога и Русија и Украина ги интензивираат воздушните напади една против друга.

Back to top button
Close