Најмалку 184 загинати при уривањето на покривот на ноќниот клуб во Доминикана

Најмалку 160 лица се повредени, но нивниот точен број треба допрва да се утврди. Од под урнатините се спасени 145 луѓе, но засега не е јасно колкумина се водат како исчезнати

 EPA-EFE/XP3 GROUP

Бројот на загинати по падот на покривот на клубот „Џет сет“ во Доминикана се искачи на најмалку 189. Трагедијата во која загинаа речиси 200 луѓе стана една од најсмртоносните во земјата во последните децении.

За време на несреќата во клубот во главниот град на Доминикана, Санто Доминго, биле најмалку 300 луѓе. Најмалку 160 лица се повредени, но нивниот точен број треба допрва да се утврди. Од под урнатините се спасени 145 луѓе, но засега не е јасно колкумина се водат како исчезнати.

Итните служби во средата рекоа дека ќе ги прекинат спасувачките напори откако ќе извлечат уште 20 тела од под урнатините. Многу тела допрва треба да се идентификуваат.

Засега не се познати причините за уривањето на покривот

Back to top button
Close