Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во нигериската држава Замфара

 

Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во северозападната нигериска држава Замфара.

Властите сметаат дека тоа е одговор на воените воздушни напади во кои загинаа повеќе од 100 милитанти во понеделникот.

Вооружени лица влегувале во селата, палеле куќи и ги осакатувале телата на жртвите.

Нигериската влада долго време е во конфликт со голем број локални криминални групи кои ги нарече „банди“.

Таа објави дека се работи за криминална мрежа која дејствува на голема површина, краде животни, киднапира заради откуп и ги убива оние кои им се спротивставуваат, пишува Би-Би-Си.

Во меѓувреме, локалните медиуми објавија дека вооружените групи ги напуштаат засолништата во шумските области поради нападите на власта

Back to top button
Close