Најмалку 47 загинати во земјотресот во Колумбија

Најмалку 47 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени, кој ја потресе Колумбија, а десетици згради се разрушени, соопштија локалните власти.

Разорниот потрес заглави локални жители под урнатините, а има и повредени. Катастрофата беше причина за евакуација на луѓе во низа населени места, сè до главниот град Богота. Епицентарот бил во Сан Хосе дел Палмар – општина со население од околу 4.800 жители во департманот Чоко, на околу 400 километри западно од Богота, соопштија геофизичките институти на САД и Колумбија.

Геолошкиот завод на САД соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 107 километри. Бил почувствуван и во соседните Еквадор и Панама, иако таму се известува за минимални штети.

Геофизичкиот институт на Колумбија соопшти дека ова е „земјотрес со најголема магнитуда регистриран во Колумбија во последните десет години“, и по него следувале два секундарни потреси со магнитуда од 2,8 и 4,8 степени.

Властите соопштија дека летовите се суспендирани на аеродромите во Манисалес, Кибдо, Арменија, Картаго, Буенавентура и Переира.

Земјотресите предизвикаа страв кај многу луѓе во Колумбија дека може да се повтори сликата од соседна Венецуела, која беше опустошена од два силни последователни потреси на крајот на јуни, кои урнаа стотици згради и во кои загинаа над 5.000 луѓе.

Претседателот на Колумбија, Абелардо де ла Есприела, пристигна во Богота за да ја предводи реакцијата за вонредни ситуации.

Во овој момент, тој се наоѓа во Националната соба за кризи при Националната единица за управување со ризици од катастрофи (UNGRD) заедно со својот потпретседател, министрите и високите официјални лица од секторот, јави Би-Би-Си Мундо.

Де ла Есприела претходно објави на социјалните мрежи дека ќе направи „сè што е потребно“ за да ги заштити и поддржи погодените региони.

„Не сте сами“, напиша тој на Х. ј

Фото: ЕПА

Back to top button
Close