Најмалку десет загинати и 11 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Русија
– Во експлозијата на бензинска пумпа што се случи синоќа во руската република Дагестан, на Кавказ, загинаа најмалку десет лица, а 11 се повредени, соопшти Министерството за вонредни ситуации.
Министерството соопшти дека во близина на градот Махачкала, главниот град на Дагестан, изгореле техничкиот простор и кафетеријата на бензинската пумпа на површина од 500 квадратни метри.
Помош пружаа речиси 120 спасувачи, соопшти Министерството.
Во август 2023 година, 37 лица загинаа, а 119 беа повредени во експлозија на бензинска пумпа во истата област.
Ваквите несреќи се чести во Русија поради непочитување на прописите и дотраеност на објектите.