Најмалку девет жртви во рускиот воздушен напад врз воената база во близина на Лавов

 Гувернерот на областа Лавов изјави дека во нападот на воената база западно од Лавов загинале девет лица, а ранети се 57 луѓе.

Гувернерот Максим Козицки потврди дека Русија утринава истрелала 30 ракети врз комплекс на околу 50 километри југозападно од Лавов и на околу 25 километри од границата со Полска.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников претходно изјави дека во објектот работеле и странски воени инструктори, но не е јасно дали некој од нив бил во базата кога се случил нападот.

Back to top button
Close