Најмалку едно лице го загуби животот, а 35 се ранети во експлозија на бомба во Пакиста
Најмалку едно лице го загуби животот денеска, а 35 се ранети во експлозија на импровизирана бомба во градот Турбат во југозападен Пакистан, соопшти локалната полиција.
Полицискиот претставник Рошан Балох изјави дека осуммина од ранетите се во критична состојба, а останатите се во стабилна состојба, додека повеќето од жртвите се војници.
„Направата била во автомобил паркиран покрај патот и е активирана од далечина“, додаде Балох.