Најмалку уште една цела година ќе се градеше Страцин-Крива Паланка, ако за директор не беше назначен Коце, вели Јакимовски
Градоначалникот на Карпош и долгогодишен политичар во земјава, се огласи со став околу пуштањето во употреба на автопатот Страцин – Крива Паланка
„И кога е за убаво пак не сме заедно.Не може заедно да прославиме.
Зборувам за автопатот Страцин – Крива Паланка. Нормално Вмро Дпмне при очи сака да не прави слепи и дека заслугите за изградбата на овој автопат се исклучиво нивни.
Се сеќавате кога во времето на Заев како Премиер се пушти во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица. Членовите на СДСМ играа оро.
Сега истото го прави и Вмро Дпмне. Вистината говори дека за изградбата на овие автопати заслуга имаат и двете партии, зошто се градеа речиси една деценија.
Ова беше вистинска шанса за премиерот Мицковски да покаже заедништво кое толку го бара. Ред беше да го викнат и бившиот министер за Транспорт и Врски Бочварски и Љупчо Николовски.
Но, битно за се да се направи превид иако е за убаво пак да не се прослави со алал.
Бадијала се препукуваат двете партии. Моето мислење е дека, најмалку уште една цела година ќе се градеше оваа делница, ако за директор не беше назначен Коце Трајановски.
Откако тој е на чело на Агенцијата за Патишта, на автопатот Страцин – Крива Паланка се работеше како во времето на првата петолетка.