На министер од ДУИ му е одбиена америчка виза? Еве што велат од амбасадата во Скопје!

Генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, сподели со јавноста информација според која американската амбасада во Скопје му одбила виза на еден од министрите на ДУИ, пишува порталот на албански јазик, Лидери.мк.

Тој го прозва јавно вицепремиерот Артан Груби да каже за кој министер станува збор.

„Кога сме кај јавните прашања, јавноста сеуште не доби одговор на кој од министрите на ДУИ му е одбиена американска виза и зошто?

Дали можеби Артан Груби сака да одговори?“, праша по втор пат Ибрахими преку Фејсбук.

Во врска со оваа информација, порталот Лидери.мк побара одговор од американската амбасада во Скопје, од каде одговорија дека поради приватност на апликацијата, конзуларниот сектор во амбасадата не споделува никакви информации со барањата за визи на граѓаните, било да се работи за функционери или обични граѓани.

Медиуми веќе шпекулираат дека причината на актуелниот министер кому не му е дадена виза за САД е блискоста и соработката со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко кој од неодамна е ставен на црната листа на САД.

Back to top button
Close