Најостриот критичар на Кремљ, Навални повторно ги повика Русите на антивоени протести
Најостриот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој е во затвор, повторно преку посредници на социјалните мрежи повика на антивоени протести во Москва и другите руски градови во недела.
„Лудиот манијак Путин мора многу брзо да биде запрен од народот на Русија ако сега се спротивставиме на војната. Треба да одите на антивоени собири секој викенд, дури и ако се чини дека сите или заминале или се исплашиле. Вие сте столбот на движењето против војната и смртта “,
се вели во пораката на Инстаграм профилот на Навални.
Повикот на Навални за антивоени протести е упатен преку социјалните мрежи. Бидејќи е во затвор, неговите ставови на социјалните мрежи ги објавуваат неговите адвокати и соработници.
Навални заврши зад решетки минатата година, кога се врати во Русија, по медицинскиот третман во Германија. Ова следуваше по нападот со отров за време на посетата во Сибир во 2020 година, а руските власти негираа дека извршиле таков напад.
Русија започна инвазија врз Украина на 24 февруари, најголемиот напад на европска земја, од Втората светска војна, а мониторинг групата на протести ОВД Инфо тврди дека 13 908 луѓе се приведени при антивоени демонстрации во Русија, од почетокот на инвазијата.