(Видео) На парадата на Трамп, армијата покажа роботски кучиња, тенкови…
Американската војска одржа воена парада на улиците на Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска. На парадата присуствуваше и актуелниот американски претседател Доналд Трамп, кој денес полни 79 години и со години се залага за ваков спектакл.
На церемонијата учествуваа повеќе од 6.000 воени лица, 150 воени возила и 50 авиони. Покрај тоа, планирани се и воздушна претстава, коњаничка парада и последен скок со падобран со американското знаме пред Трамп.
Извор: 4news.mk