Најсуровото дете масовен убиец во историјата- Ниту едно дете на возраст на Коста К. не убило повеќе луѓе од него

Коста Кецмановиќ (13), кој вчера наутро уби осум врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, е најсуровиот масовен убиец на деца во историјата на светот.

Меѓу сите масовни убијци во светот помлади од 14 години, што во Србија е законска граница под која детето не може кривично да одговара за кривично дело без разлика на бројот на жртвите, никој досега не убил толку жртви како Кечмановиќ.

Досега на списокот на деца- масовни убијци помлади од 14 години имало само три имиња, кои зад себе оставиле најмалку четири жртви.

1) Во 2019 година, Кајл Алвуд уби пет члена од своето семејство кога запали куќа во Илиноис, САД. Имал само 9 години.

2) Во 1998 година, во друштво на соучесникот Мичел Џонсон (13), Ендрју Голден (11) убил четворица ученици и еден наставник во средно училиште во Арканзас, а ранил уште 10.

3) Бразилецот Марсело Едуардо Бово (13) уби четири лица во Сао Паоло во 2013 година, по што изврши самоубиство.

На оваа листа би можела да се најде и Германката Ајда Шел (13), која убила шест бебиња во Минхен далечната 1907 година. Меѓутоа, таа убивала подолг временски период, па повеќе спаѓа во категоријата сериски отколку масовни убијци.

Иако секое од овие злосторства е ужасно само по себе, тие квантитативно се бледи во споредба со масакрот што го изврши Коста Кецмановиќ во средата. Овој 13-годишник уби девет лица: седум девојчиња, едно момче и едно возрасно, училишен чувар.

Повеќе

Back to top button
Close