ОЈО Скопје бара притвор за 20-годишник: Провалил во кафуле, билијард-клуб и продавница – украл пари и алкохол
Дваесетгодишникот на 6 мај годинава пробил во кафуле во трговски центар, од каде што украл повеќе шишиња алкохол во вкупна вредност од 25 664 денари. Неколку недели подоцна, извршил неколку кражби во билијард-клуб, продавница и автомат за кафе од каде што одземал парични средства во вкупен износ од околу 30 илјади денари