СДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорност

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското државно знаме во Гостивар, бараме МВР веднаш да го расчисти случајот, да ги идентификува сторителите и да има одговорност согласно законот, се вели во соопштението од СДСМ

Сквернавењето на државното знаме е навреда за сите граѓани и чин против државата што мора да се санкционира.

Поделбите во општеството коишто ги создава криминалната власт на ВМРО и ЗНАМ, заради свои партиски интереси, постојано создаваат проблеми и генерираат кризи.

Но, граѓаните ги прочитаа намерите на власта и нема да дозволат тензии, ќе продолжат да ја градат Македонија како мултиетничка земја со взаемна почит.

Држава. Не банда! Не предавници! Не арамии!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Back to top button
Close