ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар. Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ
Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување.
Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ






