На територијата на СВР Велес санкционирани 58 возачи за брзо возење

– Во периодот од 9:00 до 15:00 часот на подрачјето на СВР Велес спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се казнети 58 возачи.Како што информираат од МВР, од нив 44 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 14 во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.