На Украина ѝ се потребни од 500 до 700 милијарди долари за одржување на армијата, тврдат двајца нејзини министри во Давос
Во следните 10 години на украинската армија ќе и ќе бидат потребни неколку стотици милијарди долари помош за нејзино одржување, изјавија денеска во Давос двајца украински министри, пренесе ДПА.

Доколку агресивното однесување на Русија кон Европа и светот не се промени, тогаш трошоците би достигнале „700 милијарди долари“, изјави украинскиот вицепремиер Тарас Качка, одговорен за украинската интеграција во ЕУ и НАТО, на денешната панел-дискусија на Светскиот економски форум во Давос.
Министерот за економија Олексиј Соболев појасни дека износот се однесува на трошоците за одбрана што не се наведени во украинскиот буџет, па затоа би морале да дојдат од друго место. Тој ги процени буџетските трошоци за одбрана на Украина во следните 10 години на речиси 500 милијарди долари.
Украина речиси четири години се брани од руска инвазија со странска помош.
Според пресметките на Институтот за светска економија од Кил, досега на земјата ѝ е достапна воена помош од повеќе од 234 милијарди долари, пренесе ДПА






