Највозрасниот син на Буфон ќе игра за Чешка
Луис Томас Буфон, најстариот син на поранешниот голман на Јувентус и Италија, Џанлуиџи Буфон, изјави дека донел одлука на репрезентативен план да настапува за Чешка, родната земја на неговата мајка, манекенката Алена Середова.
Седумнаесетгодишниот крилен напаѓач е роден во Торино, а на 9 март дебитираше во Серија Б во тимот на Пиза.
Луис Буфон во средата пристигна во Прага на тренинг камп со репрезентацијата на Чешка до 18 години, која се подготвува за турнир во Португалија.
„Разговарав околу тоа со моето семејство и решивме дека играњето за Чешка ќе биде најдобрата одлука за мојата кариера и развој како фудбалер“, изјави синот на Буфон во интервју за Чешката фудбалска федерација.
„Секако дека мајка ми беше многу среќна, но и татко ми, бидејќи ова е моја прв повик во репрезентацијата. Тој, исто така, ме советуваше да играм за Чешка бидејќи тоа е најдобриот начин да се развивам како играч“, изјави младиот напаѓач, кој во моментов се обидува да го подобри својот чешки јазик.