На златарка во Струга албански државјанин и подметнал фалс златна монета


МВР информира дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Т. (36) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Според информациите, на 29. минатиот месец вработена во златарски дуќан во Струга, на пријавениот му исплатила 50.000 денари за златна монета, која ѝ ја понудил за продажба, а за која подоцна било утврдено дека не била оригинална.

Back to top button
Close