Началникот на Генералштабот на француската војска: Наскоро состанок за Ормуската Теснина

Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал Фабиен Мандон, „наскоро“ ќе одржи технички видео-состанок со началниците на војските на земјите кои сакаат да придонесат за обновување на пловидбата во Ормуската Теснина, изјави денеска неименуван француски воен претставник.
– Состанокот не би бил поврзан со пристапот на Соединетите Американски Држави кон ова прашање, туку би останал во рамките на одбранбените позиции – изјави неименуваниот француски воен претставник.
Франција повеќепати повтори дека нема да учествува во воено-поморски операции сè додека не се смират непријателствата во регионот.
Либанскиот дневен весник на француски јазик L’Orient Today претходно денеска пренесе дека Франција и Велика Британија оваа недела ќе претседаваат со преговорите во кои ќе учествуваат околу 30 земји, со цел да се воспостави коалициска мисија за повторно отворање на поморската рута низ Ормуската Теснина, која Иран ја блокираше веднаш по избувнувањето на војната со САД и Израел.
Лондонски „Тајмс“ наведе дека Велика Британија понудила да биде домаќин на самит во јужен Портсмут или Лондон за да се разработат деталите и да се формира коалиција, што би осигурало дека пловниот пат ќе може повторно да се отвори „штом ќе се создадат соодветни услови“.






