Началникот на Здружениот ГШ на американската армија е позитивен на Ковид-19

Началникот на Здружениот ГШ на американската армија, генерал Марк Мили, е позитивен на коронавирусот и е во изолација од каде ги извршува своите должности.

Последниот контакт на Мили со американскиот претседател Џозеф Бајден се случил на 12 јануари на погребот на пензионираниот генерал Рејмонд Одиерн, се вели во соопштението на Пентагон.

Генералот Мили беше негативен на коронавирусот пред неколку дена и секој ден по контактот со претседателот Бајден се до вчера, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана, наведувајќи дека генералот бил вакциниран со трета доза.

Портпаролот на Пентагон потврди дека сите други началници на ГШ во американската војска, освен еден, вчера имале негативни тестови.

Back to top button
Close