„Национален собир“ на Марин Ле Пен нема да освои мнозинство во францускиот парламент, покажува анкета


Крајнодесничарската партија „Национален собир“ (НС) нема да освои мнозинство во францускиот парламент по вториот круг од парламентарните избори во Франција, предвидува анкета на „Харис интерактив“.

Анкетата на „Харис интерактив“, спроведена за магазинот „Шаланж“ и радиото Ер Те Ел, покажува дека НС и нејзините сојузници ќе добијат од 190 до 220 места, што е значително помалку од потребните 289 места за мнозинство.

Левичарската коалиција „Нов народен фронт“ е на второ место со 159-183 места, додека коалицијата на претседателот Емануел Макрон останува на трето место со 110-135 места.

Back to top button
Close