„Национални шуми“: Во Лешничка шума се сече согласно десетгодишен план за работа
Вработени во Јавното претријатие „Национални шуми“ во месноста Јелак на Шар Планина исекле дрвја во согласност со законските прописи, појаснуваат за МИА од ЈП „Национални шуми“, по укажувања од планинари дека има сеча на дрва.
Според јавното претријатие станува збор за сеча според Посебниот план за стопанисување со шуми за шумско стопанска единица (ШСЕ) „Лешничка шума“ со важност од 2019-2028.
– Согласно план за работа за 2020 година предвидено е да се изврши групимично пребирна сеча (во разновозрасна шума, стопанска класа Е4, ass Fago-abietum meridionale) вкупно 1632 м3 (1472 м3 ела и 160 м3 смрча).Значи се работи за легално планирана сеча во ШСЕ „Лешничка шума“Од страна на раководителот задолжен за оваа ШСЕ, во периодот од 26.09. до 30.09.2019 година, извршена е дознака на 355 стебла со вкупна дрва маса од 1319,75м3 што е 80,8 проценти од предвидената дрвна маса. На 16.10.2019година со писмено барање бр.03-834/1 од Државниот инспекторат за шумарство и ловство е побарано да изврши увид на дознаката, што е и направено на 30.10.2019година, при што е изготвен Записник бр.08-136 од 30.10.2019 година, во кој се констатира дека ознаката е извршена во согласност со Правилникот за начин и вршење ознака, со гелеров нумератор и шумски жиг во случајот бр.522, со сина боја, се наведува во образложението на Јавното претријатие.
Со сечата, спореднив, е започнато на 8 јуни со нивни сечачи и истата е завршена до 3 јули 2020година.
– Во меѓувреме на 26.06.2020 година, извршена е доознака на 75 стебла со вкупна дрвна маса од 194,4 м3 (со закон предвидените 20 отсто). Така да од предвидените 1632 м3 вкупно се дозначени и посечени вкупно 1514,19м3 односно 93 проценти од предвиденото. По завршената сеча извршен е прием на посечената дрвна маса на ден 30.06.2020 година и истата се однесува на 900м3 пилански трупци и 25 м3 ситна обловина. Самиот голем процент на отпад зборува за тоа каков квалитет на стебла се дозначени и посечени, стои во соопштението.
Според службите на претријатието се практикуваат принципи на одржливо стопанисување со шумите.
-Што се однесува до обвиненијата упатени до ЈП „Национални шуми“ како јавно претпријатие кое стопанисува со државните шуми во РС Македонија за нееколошко однесување и недомаќинско работење, се отфрлаат и остро осудуваат, зашто ЈП работи строго според принципите на одржливо стопанисување со шумите.Општокорисните функции како економската, социјалната и еколошката функција на шумите се од огромно значење за одржливиот развој на општеството и за подобрување на квалитетот на животот, особено во руралните и планински подрачја и претставуваат основа на работењето на ЈП Национални шуми, потенцираат од претријатието.