Над 2.000 жртви, 300 исчезнати и 4.000 повредени по земјотресот во Мјанмар, прогласена е седумдневна жалост

Владејачката воена хунта во Мјанмар денеска прогласи еднонеделна жалост по силниот земјотрес што го погоди регионот, при што загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а речиси 300 се водат како исчезнати, а речиси 4.000 беа повредени.

Минутата молчење ќе започне во 12:51 часот по локално време, точно кога се случи земјотресот во петокот, јавува Би-Би-Си.

Помошта дотече во Мјанмар од целиот свет, вклучително и тимови од Русија, Кина и САД, но спасувачките групи предупредуваат на појава на болести, додека лошата инфраструктура и мноштвото граѓански конфликти сериозно ги попречуваат напорите за помош.

Бројот на жртвите во Тајланд е 20, додека се претпоставува дека околу 70 луѓе се заглавени под урнатините во Бангкок.

По извештаите за вибрации и пукнатини три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар и се почувствува во околните земји, во некои објекти во Бангкок е извршена превентивна евакуација на неколку згради, објавија денеска локалните медиуми.

Станува збор главно за административни и деловни згради

Back to top button
Close