Над 2700 загинати: Драматична состојба во Мјанмар

Бројот на жртвите во оваа југоисточна азиска земја, во која владее авторитарна воена хунта, според официјалните податоци, се искачи на над 2.700.

Имено, кинеската телевизија ЦЦТВ денеска го цитираше лидерот на Мјанмар Мин Аунг Хлаинг, кој соопшти дека бројот на загинати во земјотресот достигна 2.719, со околу 4.521 повредени, а повеќе од 400 лица се водат како исчезнати.  Хлаинг, уште изјавил дека бројот на жртвите може да надмине 3.000.

Здравствената инфраструктура е исто така тешко погодена. Разурнатата болница Отара Тири во главниот град Најпитав
Здравствената инфраструктура е исто така тешко погодена. Разурнатата болница Отара Тири во главниот град НајпитавФотографија: AP Photo/picture alliance

И пред земјотресот, речиси 20 милиони луѓе во Мјанмар беа зависни од хуманитарна помош, нагласи координаторот за земјата на ОЦХА, Марколуиџи Корси. „Оваа неодамнешна трагедија ја влошува веќе тешката криза и се заканува дополнително да ја наруши отпорноста на заедниците веќе ослабени од конфликти, раселување и претходни катастрофи.“

Обединетите нации и нивните хуманитарни партнери, според OCHA, првично обезбедија 15 милиони американски долари (14 милиони евра) за мерки за спасување животи и, под тешки логистички услови, испратија помош од регионалните магацини, како и тимови за итна медицинска помош.

Посебно внимание се посветува на жените, децата, старите лица и лицата со посебни потреби. Овие групи се несразмерно погодени во такви катастрофи, се наведува. Кризата, исто така, ја нагласува потребата од зголемени напори за обнова во земјата разурната од граѓанска војна и да се зајакне отпорноста на населението на идни катастрофи.

Уништена зграда пред уривање во градот Сагаинг

Уништена зграда пред уривање во градот СагаингФотографија: Hla Myo Aung/AFP

Во меѓувреме, организациите предупредуваат на хуманитарна катастрофа. Мајкл Данфорд, претставник на Светската програма за храна во Мјанмар, во видео објавено во понеделникот на платформата X рече: „Мјанмар е земја која веќе се наоѓа во хуманитарна катастрофа поради четиригодишната граѓанска војна“. Сега тоа се влошува со земјотресот.

Спасувачките операции во Мјанмар се отежнати поради граѓанската војна меѓу владејачката воена хунта и противничките милиции.(dw)

Back to top button
Close