Над две илјади загинати во земјотресот во Мјанмар

Бројот на загинати во силниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтер, што на 28 март го погоди Мјанмар надмина две илјади, соопштија денеска властите.

Над 3.900 луѓе се повредени, а како исчезнати се водат 270 лица. Поради големиот број на жртви во земјата е прогласена седумдневна жалост.

Спасувачките операции продолжуваат. Претходно денеска од урнатините беа извлечени тројца преживеани.

Земјотресот, чиј епицентар беше во близина на градот Мандалеј, на длабочина од околу 20 километри, е почувствуван и во Тајланд и во други азиски земји. Неколку минути подоцна имаше уште еден земјотрес со интензитет од 6,4 степени.

Голем број земји почнаа да испраќаат хуманитарна помош во Мјанмар и Тајланд по силниот земјотрес

Back to top button
Close