Надал: Олимпијадата е најважниот спортски настан, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за претстојното учество на Олимпијадата во Париз каде ќе игра во двојки со Карлос Алкараз.

-Среќен сум што сум дел од тимот на олимписки спортисти и што ја претставувам Шпанија. Ова е најважниот настан во спортот, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија и ќе одработам добри тренинзи, изјави Надал за шпанските медиуми.

Тениските натпревари на Олимписките игри во Париз (Франција) ќе се одржат од 27 јули до 4 август.

Дваесет и двократниот победник на Грен слем во својата богата кариера има освоено 92 титули на АТП турнири

Back to top button
Close