Надал по 14. пат го освои Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по 14. пат во својата кариера го освои Ролан Гарос, откако попладнево во финалето во Париз за два часа и 20 минути го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 6-3, 6-3, 6-0.

За Надал ова беше 14. Финале на парискиот грен – слем и рекордна 14. титула, а воедно и рекорден 22 грен-слем трофеј, два повеќе од Швајцарецот Роџер Федерер и Србинот Новак Ѓоковиќ.

Федерер сезонава не настапи во Париз поради повреда, додека Ѓоковиќ беше елиминиран во четвртфиналето токму од Надал.

Шпанецот со денешниот триумф стана и највозрасен победник на Ролан во Гарос во поновата историја, освојувајќи ја титулата со 36 години, со што го собори рекордот на сонародникот Андрес Химен, кој во 1972 година триумфираше во Париз на 34-годишна возраст

Back to top button
Close