Надал позитивен на корона вирус

Рафаел Надал објави дека е позитивен на тестот за Ковид-19.

– Здраво на сите. Сакав да објавам дека кога се вратив дома, откако го одиграв турнирот во Абу Даби, бев позитивен на Ковид-19 на ПЦР-тестот што ми беше направен кога пристигнав во Шпанија. И во Кувајт и во Абу Даби поминувавме проверки секој втор ден и сите беа негативни, последната беше во петокот, а резултатите беа во сабота, напиша Надал на твитер

По четиримесечна пауза, 20-кратниот победник на Грен слем го направи своето долгоочекувано враќање на тенискиот шампионат Мубадала минатата недела.

Иако светскиот рекет број 8 загуби на егзибицискиот турнир од Енди Мареј и Денис Шаповалов, шпанецот рече дека тоа бил „позитивен почеток“ бидејќи тој ги засилува подготовките за Австралија опен кој започнува на 17 јануари

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close