Нафтата поевтинува за 2, а бензините за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,40 % во однос на одлуката од 07.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

 

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

 

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,127 ден/кг и сега ќе изнесува 51,535 ден/кг.

 

Од 12.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95    80,00 (денари/литар)

 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98    82,00 (денари/литар)

 

Дизел гориво        ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)              80,00 (денари/литар)

 

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)            78,50 (денари/литар)

 

Мазут М-1 НС                                                                           51,335    (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините  за 1,340%, кај дизелот за 2,582%, кај екстра лесното масло за 1,594% и кај мазутот намалување за 3,350%.

 

 

Back to top button
Close