Невремето оштетило еден од трите ер трактори


Невремето кое минатата недела го зафати Скопје оштетил и еден ер трактор, така што сега Дирекцијата за заштита и спасување останува со два ер-трактори.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека веднаш ја контактирале фирмата која ги сервисира ер тракторите и побарале да испратат нивни механичари.

– Штетата можеби не е голема, но тој сега е надвор од употреба. Стапивме во контакт со фирмата која е заодлжена за сервис, фирмата Титан и побаравме најбрзо што може да испратат механичари.

Јас очекувам дека и нашите механичари ќе може да се справат со овој предизвик, но правилата во воздухопловството се многу строги и налагаат да дојде прво нивна екипа тука.

Така што во наредните денови третиот ер трактор ќе го немаме на располагање, но тука се двата полициски хеликоптери и и еден армиски хеликоптер – изјави Ангелов за Сител.

Back to top button
Close