Нагелсман: Пораз од Баерн ќе значи крај на шансите за титулата

 Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман го сподели своето мислење за изгледите на неговиот тим во Германското фудбалско првенство пред натпреварот од 27. коло против Баерн.

– Ако не победиме или одиграме нерешено, тогаш сезоната сигурно не е завршена за нас, но можеме да заборавиме на борбата за шампионската титула. Генерално, Баерн е неверојатно добар на вакви натпревари. Тие знаат како да го сопрат противникот. Мораме да играме смело и да посветиме посебно внимание на реализацијата на шансите. И без Левандовски, Баерн ќе дојде во Лајпциг со тим од светска класа. Неверојатно е тешко да се одбраниме од нив и да се пробијат нивните редови, иако нема да имаат двајца важни одбранбени играчи, Боатенг и Алфонсо Дејвис, изјави Нагелсман за официјалната веб-страница на Баерн.

Лајпциг е втор на табелата во Бундеслигата со 57 бода на 26 натпревари. Баерн води со 61 бод од 26 кола.

Натпреварот Лајпциг – Баерн ќе се одигра денес со почеток во 18:30 часот.

Back to top button
Close