Напаѓачи од мотоцикл пукаа кон петмина скопјани во Дуќанџик – убиен е 26 годишниот А.М.

Скопјанец (26) е убиен доцна синоќа во пукотница во скопската населба Дуќанџик.

Како што информираат од МВР, синоќа околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“, петмина млади скопјани стоеле пред излог на фирма кога го нив застанал мотоцикл со две лица, кои почнале да пукаат со огнено оружје кон нив, по што побегнале од местото.

Еден од проектилите го погодил А.М.(26), па тој со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што почина.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот

Back to top button
Close