Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист, изјави министерот за внатрешни работи
Извршителот на вчерашниот напад со нож во јужниот австриски град Филах, во кој загина 14-годишно момче, е осомничен исламист кој се радикализирал на интернет, изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.
Во нападот беа повредени уште пет луѓе. Полицијата го идентификуваше сторителот како 23-годишен Сириец кој поднел барање за азил. На прес-конференција Карнер објави дека нападот, во кој беа повредени и пет лица, е поврзан со ИД.