Напаѓачот од Лас Вегас користел вештачка интелигенција при планирањето на нападот

Одликуваниот американски војник Метју Ливелсбергер, кој загина во експлозија на „Тесла сајбертрак“ пред хотелот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, користел генеративна вештачка интелигенција, вклучително и „ЧетЏиПиТи“ (ChatGPT) во планирањето на нападот, соопшти полицијата во Лас Вегас.

Сè уште се испитуваат лаптопот, мобилниот телефон и часовник на 37-годишниот Ливелсбергер, кој пукаше во себе пред да експлодира камионот. Тој на интернет барал информации за експлозиви, за одредена муниција и дали огнометот е легален во Аризона.

Во експлозијата полесно се повредени седум луѓе, но не оштетен хотелот „Трамп Интернешнл“.

Полицијата соопшти дела Ливелсбергер дејствувал сам. Во неговите белешки пронајдено е дека САД „се смртно болнио и оти се движат кон колапс

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close