Напаѓачот пред поранешната редакција на Шарли Ебдо во 2020 година осуден на 30 години затвор

Пакистанецот кој се обиде да убие две лица пред поранешната редакција на францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо во септември 2020 година, денеска е осуден на 30 години затвор, соопшти судот во Париз.

Захир Махмуд (29) е прогласен за виновен за обид за убиство и злосторничко здружување затоа што тешко повредил две лица во Париз пред поранешната редакција на весникот со нож за месо, мислејќи дека се новинари од Шарли Ебдо.

Ова се случи пет години по терористичкиот напад на весникот, на 7 јануари 2015 година.

Браќата Саид и Шериф Куачи тој ден ја нападнаа редакцијата на парискиот неделен весник и убија 12 лица. Убијците беа убиени следниот ден, а редакцијата, која продолжи со сатира и да го критикува општеството, инсистирајќи дека нема табуа, сега е на непозната локација под постојано полициско обезбедување.

Back to top button
Close