Напад во училиште во Франција, има загинати и повредени
Напад со нож утрово во училиште во Франција, во кој убиен е наставник, а ранети се неколку луѓе.
Нападот се случил во градот Арас денеска околу 11 часот.

Според француската телевизија MFMTV, осомничениот извикал „Алаху Акбар“.
Напаѓачот е уапсен, а веста за апсењето ја потврди и министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин.
„Полицијата интервенираше во средното училиште во Арас. Напаѓачот е уапсен“, објави тој.






