Нападнати две жени, сторителот употребил сила за да им одземе пари, накит, документи…
Во саботата две жени во два одделни случаи пријавиле дека биле физички нападнати во Аеродром при што им биле одземени вредни предметни.
61-годишна скопјанка пријавила дека околу 16.10 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело личен накит.
Неколку часа подоцна А.Ј. (20) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари, лични документи и лични предмети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и дали станува збор за истиот напаѓач.